На 4 кола пред крајот на сезоната: Мулти Есенс е нов младински шампион на Македонија

179

Младинците на Мулти Есенс се новите шампиони на Македонија во конкуренција на ракометари родени 2004 и помлади. На четири кола пред крајот на сезоната, младинците на Мулти Есенс веќе ја обезбедија титулата со последната победа над екипата на Овче Поле со 43:25.

За екипата на Милти Есенс ова беше вкупно нивна 20 победа од 20 одиграни натпревари.

Со 60 освоени бодови на четири кола до крајот на првенството, ракометарите предводени од тренерот Бочкароски имаат 13 бода предност пред екипата на Пролет и 15 бода предност пред екипата на Младост 1977 Богданци со што и математички ја освоија шампионската титула.

ПретходноВујовиќ повеќе не е тренер на хрватски Нексе
СледноБолоња славеше на „Олимпико“ и зачекори кон ЛШ (ВИДЕО)