ФК Шкендија излезе со соопштение по повод загубените бодови кај Тиквеш, кои ги вратија назад во трката за титулата. Тетовскиот клуб повика на единство и поддршка од јавноста, бијдеќи на пет кола до крајот шансите за врвот се реални.
Во продолжение во целост ви го пренесуваме соопштението.
„Анализа за тоа каде погрешивме се прават на крајот. Сега ни треба единство и поддршка од јавноста. И покрај негативата, Шкендија во преостанатите пет натпревари има реални шанси за титулата и црвено-црните со поддршка од јавноста се решени да ги искористат сите шанси. Шкендија од следниот викенд ја очекува серијата од последни пет првенствени дуели каде ќе се одлучува оваа сезона. Не очекуваат три домашни средби и две гостувања на кои ќе се одлучува за титулат. Шкендија е на шест бода од првото место, загубивме доста бодови, но исто така и нашите ривали и нестандрната форма на сите не прави решени да се обидеме да го извлечеме максимумот од преостанатите натпревари, уверени во среќен крај.
Распоредот ни дава за право да бидеме оптимисти. Во недела гостуваме кај Гостивар, а потоа повторно дома играме против АП Брера. Во последните три круга следи вистинската трка кога водечките тимови ќе се соочат еден со друг. Најпрво одиме во Чаир против Шкупи, пред да ја чекаме Струга во Тетово во претпоследното коло. Последниот натпревар го играме на гости кај Работнички во колото кога играат Струга и Шкупи. Сега ни треба единство и поддршка. Сметки за тоа каде погрешивме ќе поднесеме на крајот. Во меѓувреме посакуваме и веруваме дека заедно можеме да ги свртиме работите во наша полза. Како ќе му пристапиме зависи од нас. Поминавме низ уште посериозни предизвици. Вреди да ја минеме оваа борба заедно, со верба дека на крај ќе бидеме победници“.