Словенија со убедлива победа ги почна Олимписките игри во Токио, кои се први за кошаркарската селекција. До триумфот дојде на сметка на Аргентина, која беше демолирана со 118-100 и тоа благодарение на неверојатниот Лука Дончиќ, кој средбата ја заврши со дабл-дабл од 48 поени, од нив шест тројки, 11 скока и пет асистенции.
Дончиќ беше вистински лидер во првото полувреме постигна 31 поен (17 во првата четвртина), а Словенија водеше со 42-62. Највисоката позитива беше 82-52. До крајот Словенија без проблем го приведе мечот.
Покрај Дончиќ одлична игра прикаже Препелиќ, кој постигна 22 поен, кај Аргентина Луис Скола имаше 21 поен.
Првото коло од кошаркарскиот турнир ќе го затворат Шпанија и Јапонија, мечот се игра со почеток во 14 часот.
ФОТО: /olympics.com/tokyo