13-годишна Јапонка освои златен медал на Олимписките Игри во Токио

581

Тринаесетгодишната Јапонка Момиџи Нишија е најмладиот освојувач на златниот медал на Летните Олимписки игри во Токио. Нишија го освои златниот медал во дисциплината стрит во скејтбординг. Среброто ѝ припадна на нејзината врсничка од Бразил, Рајса Леал, додека на третото место заврши 16-годишната домашна натпреварувачка Фуна Накајама.

Нишија сепак не успеа да го урне рекордот, истиот ѝ припаѓа на Американката Марџори Гестринг, која имала 13 години и 267 дена кога освоила злато во скокови во вода на Олимписките игри во Берлин во 1936 година.

ПретходноНестварна партија: Дончиќ го наполни кошот на Аргентина, постигна 48 поени
СледноЛандин ги урна надежите на Парондо и Египет