Игор Дуљај повеќе не е тренер на белградски Партизан, одлучено е вечерва на седницата на Управниот одбор на „црно-белите“.
Екипата на Партизан до крајот на сезоната ќе ја предводи поранешниот помошник тренер Алберт Наѓ.
Фудбалерите на Партизан забележаа четири последователни порази во сите натпреварувања, а беа поразени и на последните три натпревари во Суперлигата на Србија од Чукарички, Црвена звезда и ТСЦ.
Дуљај го презеде Партизан на крајот на февруари минатата година, откако го замени Гордан Петриќ.