Леброн поради новинарско прашање ја напушти прес-конференцијата (ВИДЕО)

2370

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се простија од плејофот за шампионот во НБА веќе во првото коло бидејќи Денвер Нагетс ги победи со 4:1 во серијата. Леброн Џејмс по синоќешниот пораз излезе пред новинарите и доби интересно прашање, но кажа само неколку зборови и потоа ја напушти прес-конференцијата.

Еден од новинарите праша дали натпреварот против Денвер е последен за Џејмс во дресот на Лејкерси, но јасно е дека еден од најдобрите кошаркари на сите времиња не беше расположен да зборува на таа тема.

“Нема да одговорам на тоа прашање. Ви благодарам”, рече Џејмс, а потоа стана и ја напушти прес-конференцијата.

Овој 39-годишен кошаркар пристигна во Лејкерс во далечната 2018 година и успеа на овој тим да му ја донесе титулата НБА шампион две години подоцна.

Сепак, другите сезони беа заборавени и Лејкерси воопшто не беа конкурентни на другите тимови. Се шпекулира дека ова е последна сезона на Џејмс во Лејкерси, а можеби и кариера, но тој не сака да зборува за тоа.

ПретходноЈокиќ направи шоу: Ги измисливме повредите за да мислат дека сме з****ни!
СледноЛевандовски демантира: Не си одам од Барса, тука сум уште две години