Обвинителството побара мерки на претпазливост за лица од Агенцијата за млади и спорт!

220

Како што пренесува порталот “Фактор.мк“, Јавното обвинителство побарало мерки за претпазливост за 12 лица од Агенцијата за млади и спорт и тоа поради распределбата на средствата од ваучер системот.

„ Постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 лица за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и Несовесно работење. За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост“, информира ОЈО.

Да се потсетиме дека ДКСП пред извесно време, најави дека поради сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер – системот ќе достави иницијатива за кривично гонење на директорот на АМС, Наумче Мојсоски и членовите на Централната комисија на АМС.

ПретходноТренерот на Денвер за статистиката: Погледнете ја нулата кај Јокиќ!
СледноЛШ полуфинале: Баерн VS Реал, дуел на титаните!