Стоперот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер (31), во пресрет на вечерашнот мега – дерби во ЛШ против Баерн Минхен, даде поголемо интервју. Тој покрај другото кажа дека неговиот соиграч Џуд Белингем го смета за најдобриот фудбалер во светот во моментов, а Серхио Рамос за најдобар стопер.
Инаку тој порача дека не стравува од никого, а притоа раскажа и една непријатностот од времето кога бил мал.
„Мокрев во кревет до својата 15-та година. Нема од што да се срамам, тоа е живот. По 20 часот морав да прекинам со пиење вода“ посочи Рудигер.