Втора лига (плеј-оф): Синовите на Перо Блажевски изборија „мајсторка“!

374

Кој ќе игра догодина во Првата лига, ќе одлучи „мајсторката“, Маџари го одбрани домашниот терен, го победи Шкупи со 81:70 и израмни на 1-1 во серијата.

Двајцата синови на Перо Блажевски беа лидери кај победникот. Карло Блажевски беше најдобриот поединец на овој натпревар, реализираше 30 поени, додека неговиот брат, Паоло Блажевски додаде 19 поени. Покрај нив Тодоровски имаше 11 поени, а капитенот Милков 10.

Кај Шкупи, Димитровски беше стрелец на 25 поени, додека Двојаковски со 10 поени беше вториот играч со двоцифрен број на поени.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ – РАЗИГРУВАЊЕ – ПОЛУФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ – ВТОР НАТПРЕВАР

Маџари – Шкупи  81:70 (1-1)

Ангели – МКК Куманово 56:71 (0-2)

*сериите во разигрувањето се играат според системот „подобар во три натпревари“

ПретходноЦела јавност зборува за објавата на Дортмунд за Џејдон Санчо
СледноСУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ на ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА е во зона на паѓање