Дерби во „Јане Сандански“ кое ќе го „ѕиркаат“ од Битола!

1415

Денеска продолжуваат мечевите во ракометниот шампионат. На програмата на 12. коло во плеј-офот имаме дерби натпревар во СЦ „Јане Сандански“, Вардар 1961 го пречекува Алкалоид (18 часот).

Двата тима имаат свои пресметки пред оваа средба, а се чини за составот на Кирил Лазаров ќе навиваат и од Битола. Победа за Алкалоид ќе значи и потврда на шампионската титула за Пелистер. Актуелниот првак има 35 бода и меч повеќе од Вардар, кој пак во овој момент заостанува пет бода. Со оглед на тоа дека до крајот остануваат уште две кола, а битолчани ќе се сретнат со Струга и Алкалоид, шампионското славје може да почне и вечерва само со триумф на избраниците на Кирил Лазаров, кој во едно вакво сценариот би можеле да влезат во тесна трка за втората позиција, бидејќи имаат 27 бода.

На другата страна Вардар 1961 на првата средба одигра одличен натпревар против тимот од Автокоманда, на младите момци на Лазаров им порача дека мораат да бидат максимално сконцентрирани доколку сакаат да дојдат до уште еден голем плен во пресметките со нив, како што тоа беше минатата сезона.

Покрај оваа средба, ГРК Охрид по поразот во Скопје од Алкалоид, кам-бек на победничките патеки ќе бара против Пролет, мечот е закажан во 19 часот.

ПретходноСе враќа во Премиер-лигата откако го „нападна“ клубот?
СледноЛЕ и ЛК полуфинале: Рома на мегдан против непобедливиот Леверкузен