ЛЕ и ЛК полуфинале: Рома на мегдан против непобедливиот Леверкузен

114

Вечерва на програмата се првите мечеви од полуфиналињата во Лигата на Европа и Лигата на Конференции. Секако дека во ЛЕ во преден план е двомечот меѓу Рома и Баер Леверкузен.

Главното прашање е како и дали ќе може тимот од Рим да го мине некако чудото од Леверкузен. Познато е дека Баер во изминатиот дел од сезоната, во сите натпреварувања нема пораз. Дали конечно Рома ќе успее да го победи составот на Чаби Алонсо? Останува да се види.

Во вториот полуфиначен меч се среќаваат Марсеј и Аталанта. Исто така прашање е дали ќе гледаме италијанско финале, за ова секако дека се прашуваат Леверкузен и Марсеј.

Во ЛК исто така се играат првите полуфинални мечеви, а се среќаваат вечерва Астон Вила – Олимпијакос и Фиорентина – Клуб Бриж.

ЛИГА ЕВРОПА – ПОЛУФИНАЛЕ – ПРВИ МЕЧЕВИ

ВЕЧЕРВА – 21:00 Ч

РОМА – ЛЕВЕРКУЗЕН

МАРСЕЈ – АТАЛАНТА

ЛИГА КОНФЕРЕНЦИИ – ПОЛУФИНАЛЕ – ПРВИ МЕЧЕВИ

ВЕЧЕРВА – 21:00 Ч

АСТОН ВИЛА – ОЛИМПИЈАКОС

ФИОРЕНТИНА – КЛУБ БРИЖ

ПретходноДерби во „Јане Сандански“ кое ќе го „ѕиркаат“ од Битола!
СледноПоради Велигден: Сите мечеви од 31.коло во ПМФЛ се играат в сабота!