Поради Велигден: Сите мечеви од 31.коло во ПМФЛ се играат в сабота!

569

И оваа година, односно и овој Велигден, редовното коло во нашата елитна лига се поместува за ден порано. Па така сите средби од 31.коло во ПМФЛ се закажани за во сабота и тоа со почеток од 17 часот.

Во ова коло се среќаваат: Брера – Брегалница, Вардар – Македонија ЃП, Воска – Силекс, Работнички – Тиквеш, Струга ТЛ – Гостивар, Шкупи – Шкендија. Секако дека најинтересно ќе биде на Чаир и во Струга каде што ќе се водат битките за титулата.

Исто така во сабота од 13 часот се играат и сите натпревари од 28.коло во Втората лига.

ПретходноЛЕ и ЛК полуфинале: Рома на мегдан против непобедливиот Леверкузен
СледноМеритон Гега ќе ја води Струга ТЛ до крајот на сезоната!