Меритон Гега ќе ја води Струга ТЛ до крајот на сезоната!

364

Она што се очекуваше, попладнево е и официјално. Меритон Гега ќе ја води Струга ТЛ до крајот на сезоната. Гега досега беше во стручниот штаб на Шпетим Дуро како прв помошник, па така откако Дуро и клубот ја раскинаа соработката, логично е што Гега ја доби довербата да го води тимот во последните три кола и да се обиде да дојде до титулата, иако сега ситуацијата е многу потешка по поразот на шампионот вчера во Кавадарци.

ПретходноПоради Велигден: Сите мечеви од 31.коло во ПМФЛ се играат в сабота!
СледноОдбојкарите почнаа со подготовки за „Златната лига 2024“