Жорди Алба, еден од најдобрите фудбалери на Барселона, стандарден член на репрезентацијата на Шпанија е на излезна врата од “Камп Ноу“. Ова е веројатно крај на една ера, онаа на офанзивниот лев бек во дресот на каталонскиот гигант.
Ова е запрепастувачка вест за фановите на Барса, но причината е јасна.
Тој не прифатил намалување на платата, нешто што досега го прифатија Меси, Пике и Бускетс. Токму затоа Алба ќе си побара нова средина.
Инаку Алба во Барселона дојде во 2012 година и тоа од Валенсија. Во овој период тој со каталонската гордост освоие се што можеше да се освои.
ФОТО: fcbarcelona