Швајцарскиот репрезентативец Џердан Шаќири, сигурно го напушта Ливерпул летово, и најверојатно ќе се врати во Серија „А“.
Тој наводно веќе се договорил со Лацио за идна соработка, откако со Таре има усмен договор, а сега се чека само реализација на трансферот.
Практично ова ќе биде враќање на Шаќири во Италија, откако настапуваше во Интер. Покрај Интер и Ливерпул, играше и за Стоук, Баерн Минхен и Базел.