Леверкузен за 26 мај ја закажа шампионската забава!

176

Раководството на новиот германски шампион и офицјално објави дека за 26 мај ја закажа големата шампионска забава која ќе се одржи на “Бај Арената“ во Леверкузен за да потоа истата да продолжи по улиците на градот.

Интересно е тоа што сите 40.000 билети за овој настан ќе бидат бесплатни, а се подготвени и отворено автобуси, нешто што е вообичаени за вакви прилики.

Да потсетиме дека на 25 мај, значи дена порано ќе се одигра и финалето во Купот на Германија во кое Леверкузен ќе игра со Кајзерслаутерен, додека на 22 мај ќе се одигра финалето во Лигата на Европа каде по се изгледа и Баер Леверкузен ќе игра.

Од раководството на клувбот се истакнува дека ако се освојат и пехарите во Купот и ЛЕ ќе биде уште подобро, но забава ќе има и да не се освојат. Доволна причина за радост е тоа што во 120 годишната историја на клубот оваа сезона за првпат се освои титулата во шампионатот.

ПретходноЕнрике за можната елиминација на ПСЖ од ЛШ: Секогаш гледате негативно
СледноБиелса во репрезентацијата на Уругвај повика аматер