Георгиевски се бори за деби на македонската химна на Олимписките Игри

403

Македонија дише во знакот на Олимписките Игри во Токио. Да, токму така. И овој пат спортот не сплоти сите и тоа благодарение на 22-годишното момче Дејан Георгиевски.

Пред настапот, македонскиот таеквондист најави во видео-порака дека ќе и донесе медал на својата земја на Игрите во Токио. Дејан успеа во тоа, сребрениот медал е осигуран, во 14:45 часот ќе се бори за златото.

Доколку во финалето го совлада Русинот Владислав Ларин во категоријата над 80 килограми, за првпат на Олимписките игри ќе грмне македонската химна.

Македонија има златен медал во името на Шабан Трстена, кој триумфираше на Олимпијадата во Лос Анџелес 1984 година, но тогаш настапуваше под знамето на Југославија.

ПретходноНово мега дерби за Начевски и Николов на ОИ!
СледноЕмотивно – Германка го посвети златниот медал на својот починат тренер: „И натаму ги слушам неговите совети“