Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го одреди составот за денешниот дуел против Фарски Острови, прв во баражот за место на Светското првенство.
Шанса на оваа средба ќе чека младиот ракометар на Алкалоид, Дамјан Митев, а додека новитет е пикерот на Вардар, Михаил Аларов. Останатите играчи кои се најдоа на списокот за првата пресметка на гостински терен се веќе добро познати и стандардни.
Мечот е закажан со почеток во 20 часот.