Иако сеуште се очекува официјалната промоција од страна на клубот, сепак деновиве “протече“ фото како тоа ќе изгледа новиот дрес на Рома за наредната 2024/25 сезона.
Фановите се задоволни, „Адидас“ уште еднаш покажа дека си ја знае работата, дизајнот и бојата, нешто потемна, се погодени.
Инспирација за ваквиот дрес е од оној од сезоната 1996/97 година.
Јасно е дека следната сезона Рома ќе го има еден од најубавите дресови во Серија А.