Полувреме: Македонија губи со четири гола на гости кај Фарски Острови

118

Македонската ракометна репрезентација после првото полувреме со Фарски Острови има негатива од четири гола (18-14). Очекуваме подобра игра во второто полувреме и многу пефикасна реализација во нападот. За потенцирање се честите исклучувања во нашиот состав, но и нетрпеливата игра, и слабото издание на поискусните во составот.

Кузмановски и Лазаревски со четири гола се најефикасни кај нас, Митревски има три одбрани. На другата страна Елијас Скипаготу има пет погодоци.

По изедначената игра на стартот, Фарски Острови со серија од 5-0 поведе со 7-2 во осмата минута, домаќинот брзо ја казни секоја нашата грешка, одбраната беше разнишана. Лазаров повика тајм-аут, одлучи да играме „седум на шест“, примивме гол, а потоа следеше серија од 3-0 за Македонија во креација на Лазаревски, Кузмановски и Јагуриноски.

Нашите ракометари успеаја да ја смиртат играта, одбраната беше на повисоко ниво, па што резултираше со грешки кај противникот, но истите не беа казнети. Во период кога имавме играч помалку на теренот, Велковски изнуди седмерец, а Кузмановски при 9-7 не реализираше за да намали на еден гол негатива. Стигна казната противникот повторно дојде на плус три (10-7) на средината на првото полувреме.

Во следните три минути следеа нови катастрофални грешки, Македонија не реализираше добри шанси дури и да изедначи. Па во 20. минута резултатот беше 11-7. Следеа нови исклучувања во нашиот состав, чести на оваа средба. Позитивата од четири гола Фарски Острови ја одржуваа (12-8, 13-9) се до 23. минута кога по наша грешка „фараните“ зголемија на највисоките плус пет (14-9) од стартот на мечот.

Домаќинот не застана, Елијас Скипаготу со петтиот погодок зголеми на 17-11 во 28. минута. Лазаревски и Кузмановски со два гола во низа намалија на 17-13, Фитиљ со истекот на времето испрати бомба за 18-14 на одморот.

ПретходноКимих сака да оди во Барселона, но Каталонците немаат пари за трансфер
СледноФиорентина е првиот финалист во Конференциската лига на УЕФА (ВИДЕО)