Уште една фантастична партија на Болоња, која денеска на гости со 0:2 успеа да го победи досегашниот шампион. Четата на Тиаго Мота уште во првите 12 минути ја обезбедија победата и тоа со головите на Ндоје и Пош.
Со овие три бода Болоња е пред портите на пласман во ЛШ, а во моментов на табелата во Серија А е трета и тоа пред Јуве со еден бод предност, но и со меч повеќе.
Нема што, Болоња е хитот оваа сезона во Серија А, а Наполи секако е најголемото разочарување.