Лацио во борбата за пласман во европските натпреварувања на домашен терен го совлада Емполи со резултат 2:0 (1:0).
Головите за победата на „римските орли“ ги постигнаа Патрик во завршницата на првиот дел, и Весино на една минута пред истекот на регуларните 90.
Инаку, пред овој натпревар беше одбележана и 50-годишнината од освојувањето на првата шампионска титула во Италија, што се случи во сезоната 1973-74.
По овој дуел Лацио има 59 бода и практично обезбеди пласман во Европа, додека Емполи е во се поголеми проблеми во битката за опстанок.