Плати од свој џеб за да заигра за омилениот клуб, а со негов гол изборија промоција

1669

Во јануари 2023 година, Лукас Перез плати 500.000 евра за да го раскине договорот со Кадиз и да му се приклучи на Депортиво Ла Коруња. Интересно, фудбалерот одлучи од Ла Лига да се пресели во Третата лига и да заигра за клубот од детството и да му помогне во враќањето на професионалниот фудбал.
Депортиво ја совлада Барселона „Б“ токму со негов гол и со тоа го осигура пласманот во Сегунда, втората лига на Шпанија која е професионална.
Вистинска романтика на „Ријазор“ и вистински фудбалски херој. Поранешниот фудбалер на Арсенал и на Вест Хем оваа сезона во дресот на Депор постигна 12 гола имаше и 10 асистенции на последните 15 натпревари.
Депортиво беше шампион на Шпанија во 2000 година и стигна до полуфинале во ЛШ во 2004 година пред да почне да тоне. Во 2018 година падна во Сегунда, а во 2020 година и во Третата лига.

ПретходноКоментар на 32.коло: Како Струга нема друга, шампионот ја потврди својата класа и тоа под Шара!
СледноЕвролигата ја објави најдобрата петорка за оваа сезона