Во редот на репрезентативци кои ни пристигнале од Скандинавија, поточно од Шведска, секако дека предничи Ердал Ракип кој има близу сто настапи за тимот на Малме. Давид Митов Нилсон го доведовме како решение за голманската пиозиција, а настапуваше во неговата родна Шведска за Норчепинг и Сундсвал. Конечно, како младински репрезентативци ги добивме Алекс Симовски, Даниел Крезиќ, како и неколку други кои не оставија преголем впечаток.
Сега, Македонските иселеници во оваа земја, ни испраќаат нов наш потенцијален репрезентативец во името на Симеон Јовановски. Момчето кое што настапува цеката своја кариера токму за тимот на Малме, е родено 2006 година и во моментов има 18. години. Настапува за младинските категории на Малме и само прашање на време е кога ќе добие шанса во првиот тим. По вокација е дефанзивец, поточно игра на стоперската позиција.
За нас е важно да се напомене дека веќе има повици за У16 односно У17 националниот дрес на Шведска, факт кој што потврдува дека се работи за квалитетен млад дефанзивец, на кого Скандинавците сериозно сметаат. Токму затоа Македонија треба да реагира и да му пристапи на Јовановски за да тој ги смени националните бои, и настапува за земјата од која што потекнува. Нашата јавност секако дека штом се спомене Шведска и потенцијалните наши фудбалски засилувања од таму веднаш се присетува на Дејан Кулушевски кој реши да настапуца за „Викинзите“ , а наше сега е да направиме се тоа да не се случи и со Симеон Јовановски.