Битола на нозе: Пелистер уште денеска може да завери финале, Работнички на сериозен тест!

197

После соопштенија и незадоволство, најмногу од страната на Работнички, денеска продолжува битката за пласман во финалето на плеј-офот. Пелистер има шанса да го елиминира најтрофејниот кошаркарски колектив, игра на домашен терен и ќе има поддршка од публиката.

Избраниците на Дарко Радуловиќ водат со 2-1, откако на првиот меч во Битола дојдоа до победа, а претходно на теренот на противникот остварија убедлив триумф. Нема да биде чудо доколку денеска успеат да се најдат во нова финална пресметка со актуелниот првак МЗТ Скопје.

На другата страна Работнички се покажа како нестабилен многупати оваа сезона. Фијаското на првата средба во полуфиналето може да ги чини згснување на сонот за битката за титула.

Мечот е закажан во 18:30 часот, директен пренос ќе има на МРТ.

ПретходноКуп на Македонија: Пелистер и Тиквеш ќе играат во четврток
СледноКомесарот за натпреварување Александар Милојевиќ му одговори на Работнички