Досегашниот играч на Кристал Палас, Мамаду Сако е нов играч на францускиот прволигаш Монпелје.
Сако мина долги години во Премиер лигата како дел од екипите на Ливерпул, и Кристал Палас од 2013 година па наваму и реши дека е време да се врати дома што се вели.
Потпиша со Монпелје, откако на стартот на кариерата настапуваше со успех за ПСЖ.