Клубовите од англиската Премиер лига ќе одржат гласање за укинување на ВАР-системот на сите натпревари од следната сезона. Состанокот е закажан на 6 јуни.
Резултат на ваквата иницијатива се серијата контроверзни случаи кои поттикнаа критики за ВАР и наведоа некои тимови и навивачи да го доведат во прашање интегритетот на натпреварувањето.
Вулверхемптон е клубот кој официјално поднесе резолуција до Премиер лигата со која се повикува укинување на ВАР ова лето, а предлогот ќе биде ставен на маса пред премиерлигашите. Официјални поплаки имаше и од Нотингем Форест поради недосудени пенали, како и од неколку други клубови и тренери.
Од Премиер лигата сооптија дека клубовите имаат право да даваат предлози, но лигата ја поддржува употребата на ВАР.
За да се усвои промена во правилата на Премиер лигата, потребно е дво-третинско мнозинство од сите учесници на натпреварувањето, поточно 14 од 20 претставници на клубовите од англиската Премиер лига да гласаат „ЗА“.