Станковиќ не е повеќе тренер на Ференцварош!

663
Sampdoria | Stankovic - Ritratti Dejan Stankovic (allenatore Sampdoria)

Дејан Станковиќ не е повеќе тренер на унгарскиот гигант Ференцварош. Како што пишуваат денеска медиумите во таа земја, српскиот стратег ја информирал управата на клубот дека си оди со оглед на тоа дека има понуди од други клубови.

Во договорот има откупна клаузула во вредност од четири плати па не е проблем тоа да се реши.

Инаку Станковиќ си заминува ден по поразот во финалето на Купот на Унгарија од тимот на Пакс, додека сезонава ја заврши како шампион на таа земја.

Досега во својата тренерска кариера, покрај Ференцварош, тој ги предводеше Сампдорија и Ц. Звезда.

ПретходноСити без Едерсон на двата последни меча во сезоната!
СледноШампионките Ѓорче Петров без проблеми обезбедија финале во Купот