Шпанска Севиља денеска соопшти дека капитенот на тимот Хесус Навас ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.
„Хесус Навас ќе ја напушти Севиља на крајот на сезоната 2023/24 и тоа им го соопшти на клубот, соиграчите и раководството на утринскиот тренинг“, се вели во соопштението на клубот.
Навас во Севиља помина вкупно 17 години, што му донесе статус на клупска легенда. 38-годишниот фудбалер одигра 688 натпревари за Севиља во сите натпреварувања и освои четири трофеи во Лигата на Европа, два Купа на Шпанија, Суперкупот на Европа и Суперкупот на Шпанија.
Хесус Навас прво помина десет години во Севиља, од 2003 до 2013 година, пред да се пресели во Манчестер Сити, со кого ја освои Премиер лигата.