Куп на Македонија: Вардар 1961 и Алкалоид во битка за финале!

468

Денеска се играат вторите полуфинални пресметки во Купот на Македонија, во женска и машка конкуренција. Први на теренот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе излезат ЖРК Вардар и ЖРК Чаир, мечот е закажан во 17 часот. Подобриот од оваа пресметка во финалето ќе се сретне со Ѓорче Петров.

Во центарот на вниманието е мечот меѓу Вардар 1961 и Алкалоид. Двата тима имаат интересни дуели, двата тима пред почетокот одлучија да им ја исполнат желбата на битолчани и наместо во четврток како што беше претходно одредено, својот меѓусебен натпревар да го одиграат денеска.

„Црвено-црните“ се бранители на Куп трофејот, откако лани го совладаа Пелистер. Избраниците на Владо Недановски одат по пехарот број 17, на другата страна пак Алкалоид, предводен од Кирил Лазаров посакува да запише нов историски момент, пласман во финалето. Победникот од овој натпревар во недела ќе игра против Пелистер.

И двата меча ќе бидат директно пренесувани на МРТ.

17.05.2024 – ПЕТОК
17:00 часот ЖРК ВАРДАР – ЖРК ЧАИР СКОПЈЕ
19:30 часот РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР 1961

 

ПретходноТргнуваме по капитенот на Австралија
СледноЛиверпул се збогува со двајца играчи, заминуваат бесплатно