Поранешниот фудбалер на Арсенал, на Манчестер Јунајтед и на Фенербахче, Робин ван Перси стана тренер на холандскиот прволигаш Херенвен. Тоа му е прва тренерска работа на некогашниот холандски репрезентативец, а претходно работеше како асистент на главниот тренер во Феенорд.
„Вистински предизвик е да се биде тренер. На професијата и пристапувам со задоволство и со посветеност. Сакам да се развивам како тренер и му благодарам на Херенвен за можноста што ми ја даде. Се работи за клуб со традиција и верни навивачи“, изјави Ван Перси.
Херенвен е вицешампион на Холандија од сезоната 1999/2000, а единствениот трофеј им е од Купот на Холандија од 2009 година. Моментално, клубот е на 10-тото место на табелата на три кола до крајот на шампионатот.