Лазаров: Имам максимална почит кон Вардар! Чудата се возможни кога тимот се бори до самиот крај!

370

Алкалоид испиша нова историска страница, успеа да се пласира во првото финале во Купот на Македонија откако го елиминираше бранителот, Вардар. Избраниците на Кирил Лазаров славеа со 25-24, а Иван Галевски одбрани седмерец за израмнување.

По мечот предводникот на Алкалоид испрати комплименти на сметка на противникот, но и издвои што беше клучно за победата.

„Имам максимална почит кон Вардар, за титулите што ги има освоено, за се што имаат направено за македонскиот ракомет, имаат добри играчи, дури осум интернационалци, кога се комплатени се незгодни. Имавме добар натпревар, го градевме резултатот, имавме ментална стабилнст, играчите растат, благодарение на мечевите во Европска лигата. Како тим функциониравме добро, кога тимот се бори до самиот крај чудата се возможни. Немаше да биде незаслужено и Вардар да дојде до пенали или победа“, изјави Лазаров по пласманот во финалето.

Алкалоид во финалето кое е закажано за во недела ќе игра против Пелистер.

ПретходноГалевски е скромен: Да не гинеа момците, овој меч немаше да заврши вака!
СледноНедановски: Победи екипата која беше посмирена, кај нас беше пристутна нервозата