Битолчани во нов обид да го урнат МЗТ и да ја донесат првата титула дома

105

Денеска стартува финалната битка за титулата во кошаркарскиот шампионат. Серијата стартува од СЦ „Јане Сандански“, а главните актери се истите како лани, МЗТ Скопје и Пелистер. Првиот меч е закажан со почеток во 19:15 часот.

Во последните две години, актуелниот бранител на тронот има загубено само еднаш во сите седум меча што се одиграле во финалната серија. Лани „сино-белите“ до трофејот дојдоа со три победи, додека сезоната претходно загубија само еден натпревар.

Кошаркарите на МЗТ Скопје одат по 11-та титула во својата историја, додека на другата страна Битола се уште ја чека првата титула во својата историја. Пелистер оваа сезона за малку не успеа да дојде до пехарот во Купот на Македонија, пред своите фанови, ја плати цената на неискуство, па победата ја однесе МЗТ Скопје.

Со оглед дека битолчани имаа шанса да созреат низ натпреварите, очекувањата се дека ќе гледаме интересна пресметка за македонскиот кошаркарски престол.

 

ПретходноСтојановиќ пред нов предизвик: Го носеше нивниот дрес, а сега ќе седне на клупата
СледноКој ќе биде “бомбардер“ сезонава: Марушиќ, Ибраими или Радески? Иљази од Шкупи посакува 20-та “чиста“ мрежа!