Надополнија десет бодови негатива и стигнаа на чекор до првата титула по 48 години

7230

Фудбалерите на Динамо Москва во претпоследното коло на руската Премиер лига ја победија екипата на Крилја Совјетов Самара со 4:1 и му избегаа на Kранодар три, а на Зенит на пет бодови на едно коло пред крајот.

Краснодар денеска славеше во Сочи со 3:2 со победнички гол во 91 минута и се врати на второто место со три бода негатива во однос на Динамо, а Зенит во недела му гостува на Ахмат и има пет бодови помалку од лидерот.

Динамо е во пол позиција за титулата, а за да се случи тоа потребно им е да не изгубат во последното коло на гостувањето кај директниот конкурент Крансодар. Ако успее ќе стане шампион на Русија и тоа за првпат по 1976 година кога беше шампион на некогашниот СССР.

Интересно, пред само месец дена Динамо не беше во никакви комбинации за титулата. Причината е што тогаш првопласираниот Зенит имаше предност од 10 бодови, а негов најголем ривал му беше Краснодар. Се чинеше дека клубот од Ст.Петербург ќе стигне до нова круна, но овој тим во последните пет кола освои само четири бодови, а Динамо влезе во серија од шест победи по ред и ја превзема лидерската позиција.

На табелата Динамо е прв со 56 бода, втор е Краснодар со 53, а Зенит со 51…

Ако Динамо и Зенит завршат со исто бодови на крајот титулата ќе оди во Москва поради подобриот меѓусебен скор. Но ако Краснодар и Динамо завршат со исто бодови на чело, тогаш титулата оди во Краснодар поради подобар меѓусебен скор.

 

ПретходноПо голема драма: МЗТ Скопје го победи Пелистер и поведе со 1-0 (ФОТО)
СледноСпарта е шампион на Чешка