Екипата на Аталанта се враќа во Лигата на шампионите. „Сино-црните“ од Бергамо го победија Лече во гости со 0:2 и го обезбедија билетот за елитното европско клупско натпреварување. Головите ги постигнаа Де Кетеларе и Скамака во второто полувреме.
На две кола до крајот Аталанта е на петтото место на табелата со 66 бодови, шест повеќе од шестопласираната Рома. Дури и да завршат изедначени бодовно, Аталанта ќе остане петтопласирана бидејќи има подобар меѓусебен скор од „волчицата“.
Аталанта има 20 победи, шест ремија и 10 порази сезонава, а до крајот ќе игра уште со Торино и Фиорентина и двата меча на домашен терен. Исто така на 22 мај, Аталанта ќе игра финале во Лига Европа против Баер Леверкузен.