Спарта е шампион на Чешка

158

Екипата на Спарта Прага ја освои шампионската титула во Чешка со денешната победа над Млада Болеслав од 5:0. Со тоа Спарта ја осигура титулата затоа што собра 86 бода, четири повеќе од второпласираната Спарта на едно коло пред крајот.

Со тоа Спарта втора сезона по ред ја освојува титулата, а вкупно има 38. Со тоа идната сезона Спарта, заедно со Славија ќе стартуваат од второто квалификациско коло на Лигата на шампионите.

Спарта може да заокружи двојна круна затоа што игра во финалето на Купот, а противник му е Викторија Плзен (22 мај).

ПретходноНадополнија десет бодови негатива и стигнаа на чекор до првата титула по 48 години
СледноШвјонтек ја освои титулата во Рим