Португалскиот тренер Жозе Мурињо пред неколку месеци ја заврши авантурата во Рома, а по отказот најави дека ќе се врати на тренерскиот занает. Беше поврзуван со многу клубови но тој остана невработен, а се чини дека на тоа ќе дојде крајот.
Мурињо би можел да се пресели во турската Суперлига и тоа како тренер на Бешикташ. Разговорите меѓу истанбулскиот великан и Мурињо се започнати, а на првиот состанок била договорена економската страна.
„Контактиравме со Жозе Мурињо. Спремен е да дојде во Бешикташ. Договоривме нов состанок наредната недела во Италија. Економската страна е договорена“, изјави потпретседателот Хусеин Јусел.
А економската страна е поволна за Мурињо затоа што е договорена двегодишна соработка, а португалскиот стручњак ќе заработува 15 милиони евра по сезона.
Jose Mourinho Come To Beşiktaş 🦅
— çArşı 1982 (@cArsi_1982) May 18, 2024
TRTSpor’un haberine göre Beşiktaş, Jose Mourinho ile ilgileniyor!
“1 ay önce Mourinho ile temasa geçtik. Teklifimize sıcak baktı. Önümüzdeki hafta durum netleşir. İtalya’ya gidip yüz yüze görüşeceğiz. Ekonomik detaylar halledildi.” pic.twitter.com/I9o7cVTYor
— Jose Mourinho Türkiye 🇹🇷 (@mourinhoturkiye) May 18, 2024