Усик по 12 чисти рунди го победи Фјури и стана апсолутен шампион на светот

2057

Украинскиот боксер, Олександр Усик стана апсолутен шампион на светот во тешка категорија откако го победи Тајсон Фјури во спектакл во Ријад кој траеше 12 рунди. На крајот по судиска одлука победата му припадна на Украинецот.

Така Усик успеа да ги одбрани сите четири титули во тешка категорија (WBA, WBC, IBF, WBO), а тоа претходно се имаше случено пред 25 години, односно од ноември 1999 година кога Ленокс Луис го победи Евандер Холифилд.

Инаку, Фјури лошо ја отвори борбата, но кон шестата рунда се подобри кога успеа добро да го раздрма Усик, но на негова жал, Украинецот успеа да се подигне и во продолжение да биде подобар. Во деветтата рунда за малку ќе стигнеше до победата, кога го испрати Фјури во нокаут, сепак, Фјури остана во борбата и ја заврши до крај. А потоа судиите одлучија победата да му ја доделат на Украинецот. Тие гласаа 2-1 за Украинецот (114-113 и 115-112), а Фјури (114-113).
Украинецот остана на совршен скор од 22-0 како професионалец, додека Фјури е на скор од 34 победи, еден пораз и реми.

ПретходноМурињо на клупата на турски великан – договор на две години и плата од 15 милиони евра!?
СледноДалас со пресврт во финишот до финале на Западот, Дончиќ заврши со трипл-дабл