Францускиот дефанзивец шокиран: Мурињо ми кажа дека сум ѓубре во Челзи

184

Францускиот одбранбен фудбалер, Курт Зума зборуваше за времето кога играл во Челзи под раководство на Жозе Мурињо. Португалскиот тренер го донесе 19-годишниот Зума на „Стемфорд Бриџ“ од Сент Етјен во 2014 година, а фудбалерот не го знаел карактерот на менаџерот. Младиот дефанзивец признава дека бил шокиран кога еден ден Мурињо го тргнал на страна и го искритикувал.

Не можам да се сетам на кој натпревар, но знам дека губевме со 3-1 на гостински терен. Следниот ден Мурињо ме фати за рака и ме однесе во неговата канцеларија и ме праша дали сум добар. Му реков да, а потоа ме праша дали сум сигурен. Повторно му реков ДА, а тој ми одговори: ‘Те прашувам затоа што беше ѓубре овој викенд’. Така, директно, во очи… Тоа ме шокираше, но ме натера веднаш да сакам да му одговорам на теренот дека не е така“, изјави Зума за РМЦ Спорт.

Мурињо беше критикуван дека не користи млади играчи, а Зума не се согласува со тоа.

Тој сака да победува и ги користи сите можни алатки за да го постигне тоа.  Дојдов во Челзи на 19 години и тојј ме ставаше во првиот тим. Добивав шанси, играв многу натпревари. Јас не се согласувам со тврдењата дека Мурињо не им дава шанса на младите играчи“, додава Французинот.

Зума беше фудбалер на Челзи од 2014 до 2021 година, а во тој период беше на три позајмици: во Ст.Етјен, Стоук, Евертон. Од 2021 година игра за Вест Хем.

ПретходноПонеделник е ден на одлука: Лапорта закажал состанок со Чави
СледноПочна Macedonian Open 2024: Елиминации за македонските тенисери