Шпанската тенисерка Паула Бадоса, инаку 29. рангирана на светот на Олимписките игри во Токио доби топлотен удар и мораше да го предаде мечот против Маркета Вондроусова во рамките од четвртфиналето.
Бадоа го загуби првиот сет, а потоа се пожали на болки, беше повикан медицински тајм-аут, а потоа таа беше изнесена од теренот од страна на медицинскиот тим.
Во Токио во моментов е исклучително топло, а и големата влага не прави спортистите да се чувствуваа поудобно, па и самиот Новак Ѓоковиќ даде критики за организаторот кој налага тениските мечеви да се играат во лоши термини.