Ројс фраерски се збогува со 80.000 навивачи на Борусија: Последното пиво е од мене!

544

Марко Ројс вчера го одигра последниот меч во дресот на Борусија (Д) на „Сигнал Идуна Парк“ пред верните навивачи на „жолтиот ѕид“ и во манир на икона на овој германски великат со пиво ги почести сите навивачи на Борусија (Д) кои вчера беа на стадионот и во живо го следеа неговиот последен меч.

По натпреварот, во еден од локалите каде се продава пиво на јужната трибина на стадионот се појави рачно напишана белешка со следниот текст: „Благодарен сум за се. Збогум, пивото е од мене. Засекогаш ваш Марко“.

Едно точено пиво на „Сигнал Идуна Парк“ чини 4,90 евра,  а вчера на стадионот имаше близу 80.000 навивачи.

ПретходноПанчев и ја отстапил „Златната копачка“ на Ц. Звезда за да направи реплика за клупскиот музеј
СледноФетел се појави со болидот на Сена на патеката во „Имола“ (ФОТО)