Зарем некој мислеше дека ќе има драма или пак Пеп Гвардиола и неговиот Манчестер Сити ќе кикснат дома и тоа во најважниот меч сезонава, во последниот меч во сезоната, меч кој носи титула?
Сити успеа со 3:1 да го победи Вест Хем и да дојде до нова титула во Премиерлигата, четврта во низа, нешто што досега никој не го направил од кога постои таа.
Фоден со два гола во 2. и 18.минута, стрелец беше и Родри, додека Кудус успеа само да намали на 2:1.
Арсенал се надеваше на сензација на „Етихад“, но ништо од тоа, а составот на Микел Артета дома го победи Евертон со 2:1, но недоволно за титула.
Со тоа “точиите“ и оваа сезона ја завршија како втори.