Велика Британија најдобра на штафетата 4×200, Ледецки број еден на 1500 метри (ВИДЕО)

81

Пливачката штафета на Велика Британија во состав Том Дин, Џејмс Гај, Метју Ричардс и Данкан Скот го освои златниот медал во дисциплината 4×200 метри слободно на Олимписките игри во Токио.

Британците ја завршија трката со време 6:58.58 со што завршија прва пред Русија односно Италија.

Кети Ледецки од САД е нова олимписка шампионска на 1500 метри откако го освои златниот медал во една од најтешките пливачки дисциплини.  Ледецки победи со време 15:37.34 минути. Нејзината сонародничка Ерика Саливен го освои второто место, а трета беше Германката Сара Колер.

ПретходноОсвои злато на ОИ па доби доживотен авионски билет
СледноЕгипет подобар од Јапонија