Мангупите на Лазаров испратија силна порака (ФОТО)

917

Алкалоид вечерва покажа дека сето вложување во македонските играчи не е за бадијала. Вечерва момците на Кирил Лазаров го подигнаа првиот пехар во историјата на клубот, го освоија Купот на Македонија на сметка на далеку поискусниот Пелистер.

Младите ракометари на тимот од Автокоманда одиграа уште еден неверојатен натпревар, покажаа дека фаворити има само на хартија, на теренот се добиваат битките. Во финалето токму тие изгледаа големи во однос на битолчани. Вечерва улогите беа променети, во клучните моменти останаа стабилни. Младиот Галевски повторно блесна, во пенал серијата доби шанса и ја искористи, додека Џонов стави печат на големата победа.

Алкалоид треба да биде мотивација за сите оние кои сакаат да вложуваат во иднината на ракометна Македонија.

ПретходноСлавје во Милано: Интер со шампионскиот пехар! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноЧешка пресилна за нашите одбојкари, втор пораз во Златната лига