Кавадарци и дефинитивно е на нозе. Сите со нетрпение очекуваат среда да дојде, кога ќе следува вистинска инвазија врз Скопје од околу 5.000 фанови на Тиквеш од Кавадарци. Поводот е финалето на Купот на Македонија кое се игра на 22 мај (среда) на Арената во Скопје.
Ова е историски ден за сите во Кавадарци. Во случај на победа над Воска во финалето не само што ќе се освои првиот пехар во клупстката историја туку и за првпат кавадарчани ќе излезат во Европа,.
Токму затоа “Лозари“, верната навивачка група на Тиквеш излезе со промотивно видео и со специјална порака:
„Ајде кавадарчани Скопје да го стресиме, титула дома да донесеме“.