Јувентус се врати од бездната, успеа да извлече бод против Болоња на гостински терен во меч од 37-то коло во Серија А. „Страта дама“ губеше со 3-0, но на магичен начин приреди кам-бек и израмни на 3-3. Резултатот не промени ништо на табелата, Болоња останува трета со 68 бода, исто колку и Јувентус, двете екипи ќе бидат во Лигатна шампионите.
Домашниот тим поведе многу рано, во втората минута со голот на Калафиори, девет минути подоцна Кастро зголеми на 2-0, резултат со кој заврши првото полувреме. Калафиори повторно ја затресе мрежата на Јувентус, во 53-та минута зголеми на 3-0.
„Страта дама“ се разбуди во 76-та минута, Киеза намали на 3-1. Милик зголеми на 3-2 во 83-та минута, додека минута подоцна Јилдиз израмни на 3-3. Јувентус имаше шанса и да направи целосен пресврт, но шутот на Киеза беше блокиран.