Петковиќ на клупата на Бордо!

1070

 

После седум години на чело на репрезентацијата на Швајцарија, Владимир Петковиќ се сели на клупата на Бордо. Ова го потврдија и челниците на Фудбалската федерација на Швајцарија.

“Владимир Петковиќ од нас побара раскин на договорот. Ние како Федерација му излеговме во пресрет и го раскинавме договорот“ објавија од Швајцарската федерација.

И двете страни не сакаа да говорат за финансиските детали, но медиумите во Швајцарија шпекулираат дека новиот клуб на Петковиќ ќе мора да плати 2 милиони евра отштета.

Пред да стане селектор на Швајцарија, со која имаше големи успеси, имено на последното ЕП стигна на чекор до полуфиналето, Петковиќ беше тренер на Лацио, Сион, Јанг Бојс, Самсунспор. Неговото име се врзуваше и со преземење на Фенербахче, но сепак се реши да ја прифати понудата на Бордо.

ПретходноЃоковиќ се пласираше во 1/4 финалето на ОИ
СледноФК Вардар „трансфериран“ на новиот сопственик – Шилегов: Можеби му треба еден ваков рестарт на Вардар