Крос ја завршува кариерата по ЕП 2024

150

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос објави дека ќе ја заврши фудбалската кариера по настапот на ЕП 2024 година.
17 јули 2014 година е денот кој ми го промени животот, мојата кариера, пред се ме промени како личност. Тоа е денот на мојата презентација во Реал Мадрид. Тоа беше почеток на нов живот во најголемиот клуб во светот. Денес, 10 години подоцна, кога ќе заврши сезоната, завршува и мојата кариера како фудбалер“, напиша Крос.
„Како што кажав претходно, Реал ќе ми биде последен клуб. Па мојата одлука е да се повлечам од активното играње по завршување на ЕП 2024“, додаде Германецот.

ПретходноАлександар Вареловски (Тиквеш): Испишавме историја, го сакаме пехарот, сакаме да играме во Европа!
СледноКостадин Захов (Воска Спорт): Се надевам дека ние ќе славиме на утрешното финале!