Димитриевски е нов голман на Валенсија!

2503

Иако подолго време се пишува за тоа дека Столе Димитриевски ќе ја промени средината и ќе го напушти Рајо Ваљекано во насока на друг клуб, веројатно сега сите дилеми се решени. Тој ќе ја продолжи кариерата во Валенсија, а оваа информација ја пренесе експертот за трансфери Фабрицио Романо.
Италијанскиот новинар објави дека Македонецот ќе потпише договор со Валенсија до 2028 година. Тој додава дека Столе ќе го заземе местото на Мармадашвили кој кариерата ќе ја продолжи во Њукасл или Атлетико Мадрид.

ПретходноСрѓан Захариевски (Воска Спорт): Очекувам отворен меч, интересно и квалитетно финале, секако и наш триумф!
СледноАлександар Вареловски (Тиквеш): Испишавме историја, го сакаме пехарот, сакаме да играме во Европа!