РК Бутел се засили со репрезентативец на БиХ

113

Тимот на Бутел Скопје го објави првото засилување за следната натпреварувачка сезона во Супер лигата, а тоа ќе биде босанскиот репрезентативец Драган Шољиќ.
Тој настапува на позицијата кружен напаѓач и доаѓа од Асобал лигата од тимот на Нава, откако претходно играше уште две сезони во Шпанија. Шољиќ потекнува од Зрињски Мостар, во 2018 година се пресели во Извиѓач Љубушки со кој освои три дупли круни.
Пивотот се обврза на договор од една сезона со можност истиот да биде продолжен на уште една ако двете страни се задоволни од соработката.

ПретходноАлександар Божилов од Бугарија и Ива Павловиќ од Србија – апсолутни победници на 4. Стопанска Триоги триатлон
СледноТимот на Англија за ЕП 2024: Ги нема Рашфорд, Санчо, Стерлинг, Хендерсон…